Македонија
26. February 2018 - 8:31

Снегот го отежнува сообраќајот

Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата.  Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка.
 
Снегот засега не предизвикува проблеми во авиосообраќајот и во железничкиот превоз.
 
Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека се воведени забрани за камиони на премините Пресека, Стража, Буково, Ѓавато и преминот Барбадос на регионалниот пат Македонски Брод - Прилеп, на патиштата  Маврово – Дебар,  Струга – граничен премин Ќафасан, на магистралниот  пат Крива Паланка - Деве Баир, на излезот од градот, како и на регионалниот пат Валандово - Дојран, каде кај крстосница Фурка има попреченост на товарно моторно возило. Во 08:45 часот изутрина укината е забраната за камиони преку Плетвар.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата