Македонија
22. јуни 2018 - 14:08

Случајно налетале на полуматура, но наставникот го извлекол најдебелиот крај - инцидент среде прослава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 07.06.2018 година околу 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура на учениците од основното училиште ,,Климент Охридски“ од Прилеп, пријавениот кој бил во друштво со уште две лица, упатувал закани по животот на наставникот С.Ј., по што и физички го нападнал.