Свет
5. December 2016 - 18:29

Словенија: За професионален договор на 10 години војниците ќе добијат 8.000 евра

Словенија на лицата кои ќе одлучат да потпишат десетгодишен договор за воена служба со Министерството за одбрана им нуди посебна еднократна награда во висина од пет месечни бруто плати на државно ниво (7.800 евра), со цел да се зголеми заинтересираноста за отслужување на воениот рок.

Во моментот словенечката војска има 6.955 припадници, што е за 299 помалку од предвидениот број.

Една од причинита за помалиот интерес за армијата е и платата која е значително помала од другите професии.

За да се обезбеди доволен број кандидати, годинава е зголемена старосната граница од 25 на 27 години, а договорите можат да се склучат на пет или на десет години.