Loading Video...
Спорт плус
27. September 2019 - 10:40

Словенија прв финалист на Европското првенство

Одбојкарите на Словенија се првте кои изборија пласман во финалето на Европското првенство
 
Еден од четирите домаќини на шампионатот, Словенија ја искористи поддршката од домашната публика, па по европскиот го елиминира и светскиот првак Полска. 
 
Во преполната сала „Стожице“ во Љубљана во полуфиналето број 1, Словенија ја совлада Полска во 3:1. 
 
Во неизвесен меч во кој беше видена голема борба за секој поен, светските шампиони го добија само вториот сет со 26-24, додека останатите три им припаднаа на Словенците со 25-23, 25-22 и 25-23. 
 
Со тоа Словенците по втор пат во својата историја се изборија за пласман во големото финале, а таму можен противник ќе им биде и Франција од која во 2015-година загубија во финалето. 
 
Дали ќе се повтори финалето од пред четири години сепак се прашуваат и одбојкарите на Србија, кои играат одлично на овој шампионат. 
 
Кој ќе им се придружи на Словенците во финалето закажано за во недела, одтанува да видиме по вечерашниот полуфинален меч меѓу Франција и Србија кој ќе започне од 21 часот.