Словенечки лекар се заразил после примени две дози од вакцината против коронавирус
Словенечки лекар, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно беше вакциниран со две дози од вакцината, потврди втората по големина словенечка болница.
Лекарот неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека можеби бил заразен со заразен јужноафриканската мутација на вирусот, што сè уште не е докажано, пренесува Хина.
Како што јави телевизиската станица ПОП-ТВ, повторна инфекција е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна, а откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие постапиле според пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.
Како што изјави денеска на редовната владина конференција микробиологот Тјаша Жохар Чретник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, на микробиолозите им треба најмалку една недела за секвенционирање на геномот на вирусот и за потврда на варијантата, а досега не е забележан ниту еден случај на јужноафриканската мутација во Словенија
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација