Loading Video...
Ракомет
17. November 2019 - 19:43

Славје во Битола, Еурофарм победи со звукот на сирената!

Ракометарите на Еурофарм ја забележаа и втората победа во Лигата на шампионите откако пред својата публика го совладаа Савехоф со 32-31. 

Иако македонскиот претставник водеше на полувремето со 18-12 сепак дозволи во вториот дел гостите да ја анулираат предноста и на 7 минути пред крајот да дојдат до израмнување од 27-27. Следуваше вистинска драма во завршницата а по израмнувањето на резултатот на 31-31 последниот напад го имаше Еурофарм и буквално во последната секунда Радовиќ донесе победа на битолскиот тим. 
Остроушко и Радовиќ со по 6 погодоци беа најефикасни во редовите на Еурофарм.