Loading Video...
Свет
21. April 2021 - 16:32

Славење низ САД: Поранешниот полицаец прогласен за виновен за убиство на Џорџ Флојд

Поранешниот полицаец од Минеаполис Дерек Шовин е прогласен за виновен за убиството на Афроамериканцот Џорџ Флојд.  

Поротата одлучи дека Шовин е виновен по сите три точки од обвинението – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежнсот. Висината на затворската казна ќе биде позната за неколку недели. Одлуката ја поздравија илјдници луѓе собрани пред судската зграда. Позитивна реакција стигна и од Белата куќа. Ова е само почеток рече Бајден.

46-годишниот Џорџ Флојд на 25 мај лани почина при неговото апсење за употреба на фалсификувана банкнота од 20 долари. Шовин со своето колено речиси 9 минути го притискаше вратот на Флојд, додека тој молеше за воздух.  Во завршните зборови Шовин се изјасни за невин.