-->
-->
Скопските градоначалници „да свртат за промена во 2018“, им порачува „На точак“
-->
Групата ентузијасти „На точак“ им испрати честитики на 11-те скопски градоначалници со порака во Новата 2018 година „да свртат за промена“.
На честитките, покрај пораката, стои и логото на „На точак“ во кое централно место има велосипедот.
- Испративме честитки до 11-те скопски градоначалници со желби во Новата година да свртат за промена, објави „На точак“ на својот Фејсбук профил.
Ден пред испораката на честитките, „На точак“ ја организираше и последната „Критична маса“ за годинава.
Групата ентузијасти која се залага за подобро велосипедско Скопје реагираше и во однос на бесплатниот јавен градски превоз како една од мерките за загадувањето што беше воведена завчера. Упати повеќе прашања до надлежните, Градот Скопје и Министерството за животна средина.
- Главното прашање е зошто во итните мерки против загадувањето не се најде ниту една што го стимулира велосипедизмот?, наведува „На точак“ и констатира дека мерките нема да бидат комплетни и суштински ако нема бројки и анализи кои ќе ја потврдат нивната успешност, односно ќе постои сомневање дека мерките се само новогодишен празен декор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти