Македонија
3. December 2019 - 16:43

Скопје - трет најзагаден град во светот

Паднаа температурите, порасна загадувањето. Скопје утринава беше трет најзагаден град во светот. Пред нас се само главните градови на Авганистан и Индија. Во метрополата тешко се дишеше и вчера. Мерните станици кај Ректорат, Карпош и Ѓорче покажуваа алармантни вредности на штетните ПМ честички. Зголемено аерозагадување имаше и во повеќе градови Битола, Струмица, Куманово. Еко активистите сметаат дека нема конкретни мерки од надлежните, а во меѓувреме се зголемувал бројот на смртни случаи поврзани со аерозагадувањето.

-Ние постојано бараме Властите соодветно да ги планираат буџетите , но за жал не видоивме ништо конкретно за заштита на животната средина, изјави Драгана Велковска, од Здружението за заштита на животни и животна средина 1.

По масовниот протест минатата недела и овој петок граѓанските и еколошките здруженија повторно ќе излезат на марш и ќе ги повторат 280-те барања до надлежните институции за чист воздух.