-->
-->
Скопје ноќеска најзагаден град во светот
-->
Ноќеска еден час по полноќ Скопје бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот.
Според мерењата на Специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал“, индексот на загадување во Скопје, во еден часот по полноќ бил 430. Со тој индекс на загаденост, Скопје бил на врвот на листата, а веднаш по него биле градови од Индија, Пакистан и Бангладеши. На петтото место на листата е главниот град на Косово – Приштина.
Поради високата загаденост, Град Скопје објави неколку препораки до граѓаните: да се избегнува користењето на возила или да се споделува превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, како и да се чистат оџаците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во предвечерието на чествувањето на 151 роденден на Гоце Делчев – Каква е ситуацијата на теренот
-
Група граѓани вечерва се упати кон црквата Свети Спас – Ќе чуваат ноќна стража
-
Тема на денот со Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-
Антикорупционерите бараат Наумче Мојсоски кривично да одговара
-
Владата најавува: Провокатори и негатори нема да бидат пуштени во Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија за 27ми април
-
До понеделник состав на нова Влада?
-
Болните од цистична фиброза не веруваат на министерски збор - Утре протест пред Влада