Македонија
19. January 2019 - 16:31

Скопје најзагаден град во светот

Загадувањето во државата руши рекорди. Синоќа по полноќ според мерењата на Ер Вижуал,  Скопје беше на прво место како град со најзагаден воздух во светот. Во некои скопски општини концентрацијата на опасните ПМ 10 честички беше и 17 пати над дозволената граница. Во вакви услови најмногу работа имаат лекарите. Во Брза Помош изминатите денови регистрирале зголемен број на јавувања од граѓани кои имаат респираторни и кардиоваксуларни заболувања и кај кои аерозагадувањето предизвикува дополнителни проблеми.

-Ниските температури и загадувањето доведуваат до зголемување на крвниот притисок, тоа пак до тахикардија и отежнато дишење вели др. Маргарита Трипуновска од Брза Помош.

Социјалните мрежи се преплавени со реакции за алармантната загаденост а граѓаните реагираат дека едвај се дише и за неколку години сите ќе имаат здравствнеи последици.

Ми пречи како не, јас сум астматичар ама тоа е, многу е загадено. Како не ми пречи, многу е загадено и за некое време сите ќе го почуствуваме тоа на нашето здравје, реагираат граѓани.

За ублажување на последиците од загадениот воздух препораките на лекарите се седење дома особено за хронично болните, децата и трудниците и забрана за физичка активност на отворено.

-Да не се проветруваат просториите каде се престојува, да не се вози точак бидејќи тогаш доаѓа до забрзана работа на срцето и доаѓа до проблеми со дишењењто, хронично болните да ја змеаат редовната терапија, вели Трипуновска.

Освен првото место на Скопје какко најзагаден град во светот, состојбата со загадувањето е алармантна и во Битола а тешко се дише и во Тетовскиот и струмичкиот регион.