Македонија
19. February 2021 - 12:00

Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул, вели Заев

Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул. Не мегаломанско Скопје кое ќе ја блокира флуктоацијата ма ветерот и воздухот, туку ќе се развиваат перифериите, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за уредувањето на кејот „13 Ноември”.

Три пати поголем данок на имот ќе плати секој што има имот, а не го користи имотот, најави премиерот.

– Ние како Влада сме на релација со ЗЕЛС и се разговара да се обезбедат приходи за општините за градежните дозволи да не бидат единствен начин на финансирање и да запре градењето на згради во централното градско подрачје. Скопје ќе се гради, но на периферија, порача Заев.