Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C

Скопје денеска се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, каде во периодот од 14 до 15 часот се измерени 41,7 степени Целзиусови во скопското село Петровец, објави метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира метео податоци од целиот свет.
На првото место беше турскиот град Ајдин со 42,6 степени, а на второ место Фетие, исто така во Турција, со 41,7 степени. Топлинскиот бран го зафати и останатиот дел од Турција, каде температурата надмина 41 степен во уште пет градови: Урфа (41,4°C), Анталија (41,3°C), Дикили (41,2°C), Измир (41,2°C) и Маниса (41,2°C). Зад Скопје, со ист степен на жештина (41,2°C), се најдоа и Мерида (Шпанија) и Сер (Грција).
Во светски рамки, денеска највисоката температура е измерена во Кувајт – 47,2°C, додека најстудено беше во руската антарктичка база Восток со -75,5°C.
Според „Огимет“, најмногу дожд наврна во Индија, најсилен ветер дуваше на Гренланд, а најтоплото место по просек во последните 24 часа беше населбата Џалони во Оман, со 44°C.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
