Македонија
29. January 2018 - 15:10

Скопје четврти најзагаден град во светот

Скопје повторно се наоѓа на врвот на светската ранг лист за за градови со најзагаден воздух. Имено нивото на загаденост во текот на ноќта беше алармантно и изнесуваше до 600 mg/m3 ПМ10 честички, со што Скопје се најде  на  4-то место во топ 5 најзагадени градови во светот.

Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување на сите мерни станици во Скопје од 4 до 12 пати над дозволениот максимум.