Македонија
31. January 2020 - 20:01

Скопјанец пронајден мртов во сопствениот стан

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во сопствениот стан на бул.„Партизански одреди" бил пронајден починат маж од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден околу 18.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во сопствениот стан на бул.„Партизански одреди“ бил пронајден починат З.Т.(64) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Карпош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.