Скопјанец преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратеници и ширел расистички материјал
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Од МВР истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Се повикуваат и граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија