Тенис
20. December 2016 - 17:16

Скандал:Наградата од Би-Би-Си за Мареј лепена со селотејп

Англиската телевизиска мрежа Би-Би-Си го прогласи Енди Мареј за личност на годината во Велика Британија и му подари трофеј за кој беше впечатливо дека е лепен со селотејп. 

Наградата на најдобриот светски тенисер и освојувач на Вимблдон и златниот олимписки медал му ја врачи легендарниот британски боксер Ленокс Луис кој за оваа прилика мораше да отпатува за Мајами бидејќи Мареј не можеше да присуствува на церемонијата. 
Интересно е што неговата сопруга Ким во оваа прилика му признала дека не гласала за него туку за освојувачот на бронзениот медал во коњички спортови на олимпијадата во Рио, Ник Селтон.