Балкан
21. February 2019 - 22:09

Скандал во Сомбор: Погребот го претворија во панаѓур, дојдоа да изразат сочуство па се разиграа и запеаја покрај ковчегот на мртовецот

Снимка од Сомбор ја шокираше Србија! Ако на првото гледање помисливте дека по прашање е веселба - погрешивте. Музиката и играњето се во прашање, но поводот е погреб.

Имено, на снимка од капелата во Сомбор се гледаат луѓе како се веселат и играат на музика покрај мртовечкиот ковчег.

Музичарите свират во живо, луѓето се веселат и играат, а една госпоѓа дури се качи и на сандакот на покојникот.

Погледнете и сами:

 

Останува непознато дали со веселбата исполнуваат последна желба на покојникот, но малку е познато дека слични обичаи воопшто постојат во српското поднебје.