Живот
6. February 2018 - 13:25

Скандал на изборот на Мис Казахстан: Маж со месеци се претварал дека е жена

Изборот за мис на Казахстан добија неочекуван пресврт зошто една финалистка не била тоа што се претставувала.

Имено, Арина Алијева ја шокираше нацијата кога објави дека всушност е момче (22).

Се работи за Или Џагијев, манекен, кој се пријавил на натпреварувањето за на своите пријатели да им покаже дека и мажите можат да поминат како кандидати за избор на мис.

Ели бил уверен дека тоа денеска е можно поради шминката, козметиката и фотошопот. Со мала помош на шминка и фризер, Ели стана Арина.

Џагиљев кој почнал да се занимава со манекенство на 17 години, на интернет ја објави фотографијата од Арина и чекал реакции од публиката.

Според некои мислења, тој можел и д апобеди на ова натпреварување на кое прошишал 4.000 девојки. Но откако биле објавени имињата на финалистките објави видео во кое го откри својот идентитет.

Тој се надева дека благодарение на него повеќе ќе се цени индивидуалноста и природноста. Откако Ели го објави видеото, Арина е дисквалификувана.