Македонија
11. May 2021 - 21:17

Сител во државниот архив - што содржат писмата од Делчев и како се известувало за неговата смрт

Вкупно 42 оригинални писма пишувани од Гоце Делчев поседува државниот архив на Македонија. Писмата се испраќани до неговите соборци во Македонија и во пограничните пунктови а се однесуваат главно на организирање на внатрешната револуционерна организација. Какво оружје, каде да биде испратено, како да се омасови организацијата, шифрирани пораки за тоа како да се делува е главно содржината на овие писма. Писмата прв пат во Македонија се објавени во најголем дел од академик Љубен Лапе 1951г. Опфаќаат период од 1895 до 1902г. На повеќето од нив се потпишува под псевдонимот Ахил. Во нив може да се прочита како Гоце Делчев ги повикува соборците за ослободување од отоманското ропство за формирање на македонска држава. 

„Особено инститирал организацијата да се омасови за да биде борбата контиунирана и ефикасна. Карактеристично за сите писма е дека Гоце Делчев имал верба за ослободување на македонија и не случајно во неговиот тестамент навел дека неговите мошти треба да бидат бо столицата на слободна македонија штио е  реализирано во 1946г.“

Во едно од писмата јасно пишува како не треба да се брза со организацијата и дека истата треба да биде масовна. Ова писмо е испратено до Ефрем Каранов на 17 октомври 1895 година а во него Гоце Делчев вели:

- Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот.

Огромна документација новинска и архивска постои во врска со смртта на Гоце Делчев. Странските известувачи јасно напишале дека загинал водачот на македонските чети.

Ова се само дел од написите на странските весници.

Специјалниот известувач на лондонскиот „Тхе Тимес“ во статијата „Балканската криза“ меѓу другото пишува:

- Делчев со години беше душата на револуцијата во Македонија. Во таа провинција тој беше подобро познат отколку во Бугарија. Делчев беше идолот на десетици илјади македонски селани.

Американски Њу Јорк Тајмс пишува по наслов „Смртта на македонскиот водач“.

Во Статијата „Убиството на Делчев“, објавена во париски Le Petit Journal пишува: Се шири гласина дека Делчев не бил убиен во една од последните битки, туку дека го убиле турски емисари. 

Овие вести предизвикаа огромна сензација. Делчев навистина беше душата на Македонската револуционерна организација.

Во останатите документи во држвниот архив кои се на микрофилм од големите сили во Солун во Цариград во најголем дел според надлежните, за  убиството кога се соопштува, Гоце Делчев го именуваат како водач на македонските комити.