Живот
14. December 2017 - 13:44

Сите ги знаеме овие историски личности, но ретко кој слушнал за нивните чудни навики

Сите си имаме свои необични особини, навики, верувања, каприци...Па, така и славните историски личности од областа на уметноста и науката, не се исклучок.

Еве некои помалку познати факти и гласини за некои од историските личности

Питагора

Еден од зачетниците на математиката, древнохеленскиот филозоф Питагора мразел грав. Не дека само не сакал да го јаде, туку се плашел и да го допре. Таа негова одбивност на крај „му се удрила од глава“. Според легендата, Питагора бегајќи од непријателот, наишол на поле со грав, но не влегол да се скрие, па непријателите го виделе и го убиле.

Лудвиг ван Бетовен

Легендарниот, светски познат композитор од 18. век најмногу сакал да твори помеѓу две капења, или барем откако ќе се полие со вода. Посебно во миговите на „креативна криза“.

Оноре де Балзак

Луѓето денес не можат да замислат ден без неколку филџани кафе. Славниот француски писател наводно пиел по 50 филџани дневно! Се раскажува дека еднаш работел 48 часа, со прекин од само три часа спиење.

Леонардо да Винчи

Да Винчи не бил љубител на сонот. Овој ренесансен уметник и пронаоѓач - со цел да го постигне сето она што го замислил, решил да се одрече од вообичаеното време за спиење.

Никола Тесла

Никола Тесла спиел само два часа дневно. Но, неговата најчудна навика било тоа што, пред да оди в кревет, тој сакал стопати да ги испука прстите на нозете. Тој верувал дека тоа ќе му ја подобри работата на мозокот. Исто така сакал гулаби, но мразел накит и полнички жени.

Алберт Ајнштајн

Германскиот научник, секогаш ексцентричен, не сакал бербери, па затоа и имал долга коса. Исто така, не носел чорапи, оти ги сметал за непотребни.

Чарлс Дикенс

Дикенс бил „тежок“ перфекционист, односно најверојатно имал опсесивно-компулсивно пореметување. Тој не можел да поднесе ако, на пример, косата не му била исчешлана по негово, или пак, ако и само едно влакно му стрчи. Се чешлал неколкупати дневно. На работната маса секогаш имало мала вазна со цвеќе, ноже, хартија и две бронзени статуи од жаби со мечеви.