Сирискиот режим по заземањето на Палмира вети ослободување на Рака и Дејр ал Зур
Сириската армија, откако ја врати контролата врз Палмира, соопшти денеска дека е цврсто решена да ја протера групацијата Исламска држава од нејзините главни засолништа во Сирија, Рака и Дејр ал Зур.
- Палмира ќе биде базата, од која ќе бидат водени воените операции против ИД во повеќе насоки, посебно кон Дејр ал Зур на исток и Рака на север. Целта е да го стегнеме обрачот околу терористите, да ги прекинеме нивните маршрути за снабдување и да си ги вратиме териториите, контролирани од нив, за да ставиме крај на нивното постоење во Сирија, се наведува во соопштението на воената команда.
Во соопштението се додава дека преземањето на Палмира е почеток на падот на ИД.
Сириската армија во соопштението, кое беше прочитано на државната телевизија нагласи дека враќањето на Палмира исто така покажува дека владините сили и нивните сојузници се единствената сила, способна да го победи тероризмот во Сирија и вети продолжување на борбата против ИД, Фронтот Ал Нусра и другите терористички групации.
Ново на Сител
-
Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
-
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување