Свет
13. September 2016 - 16:59

Сириската Влада го условува доставувањето помош за Алепо

Сириската Влада денеска соопшти дека ќе спречи доставување на каква било помош за Алепо, која нема да биде координирана со неа и со ОН.

Во соопштението, кое го пренесуваат сириските државни медиуми, се наведува дека оваа одлука особено се однесува за помошта што пристигнува од Турција.

- Сириската Арапска Република нема да дозволи хуманитрана помош која не е координирана со Владата на Сирија и ОН да пристигне во Алепо, а особено не помош што доаѓа од турскиот режим, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.