Тенис
20. August 2017 - 11:19

Синсинати: Прво Мастерс финале за Киргиос и Димитров

Австралискиот тенисер Ник Киргиос и Бугаринот Григор Димитров ќе играат во финалето на Мастерсот во Синсинати, САД, откако во полуфиналната фаза беа подобри од своите ривали. Воедно ова за двајцата е прво мастерс финале.
 
Киргиос ноќеска со 2-0 во сетови го победи шпанскиот тенисер Давид Ферер. Двата сета беа решени во тај брјек (7:6 и 7:6) во меч што траеше нешто повеќе од два часа.
 
 
Претходно, во првото полуфинале, Димитров беше поуспешен од домашниот тенисер Џон Изнер. Резултатот на овој меч беше исто така 2-0 и овие два сета беа одлучени во тај брејк.
 
Финалето е закажано за вечер во 22 часот.