Македонија
27. February 2018 - 9:36

Синоптичарите најавуваат пресврт: Времето носи ново големо изненадување!

Во текот на вчерашниот ден имавме облачно и студено време, насекаде со врнежи од снег, освен во Битола и Охрид – информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Иако интензитетот на врнежите од снег премина во слаб до умерен, сепак снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, а ќе дува и слаб до умерен ветер од свереоисточен правец. 

Денес ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен снег рано претпладне како и во вечерните часови.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде в четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под минус 10 степени.

В петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.