Бизнис
8. August 2020 - 16:45

Синдикалците стравуваат дека времените вработувања ќе ги заменат професионалците

Работа нема, а администрацијата и натаму се полни со работици на определено време и преку авторските агенции. Конфедерацијата на слободни синдикати стравува дека со натамошното ангажирање на овие административци се прави простор по формирањето на новата Влада, искусните стручни кадри да бидат отпуштени или преместени во приватен сектор, за да се задржат новите, и како што велат подобните кадри.

Министерот за информатичко општетсво порачува синдикатот да не тера политика. Вели дека пред изборите Владата доставила до собранието законски измени за ограничување на вработувањата на определено време, но тие не добиле поддршка и не се донесени. Исто така вели дека определни сектори, како на пример здравството, во овој период имаа многу повеќе работа и потреба од вработување споредено со претходно.

Во јавната администрација во 2019 година биле вработени 132900 или 832 повеќе во однос на претходната 2018 година. Едно од ветувањата пред изборите беше дека бројот на аминистративци ќе се намали за 20%.