Фудбал
6. јуни 2019 - 10:35

Симов: Одигравме фантастично прво полувреме

Екипата на Силекс останува и следната сезона во прволигашката конкуренција по победата против Тиквеш од 3-2.
Мајсторката се одигра на стадионот во Ѓорче Петров а по мечот првиот стратег на кратовчани Горан Симов изрази задоволство од успехот на неговиот тим:
„Можеби искуството беше пресудно за оваа победа, но моите момци одиграа фантастичен меч. Одлично започнавме, а противникот можеше да биде среќен што во првите 45 минути не прими уште два-три гола. Но, тој балкански синдром завладеа кај моите момци. Тие дадоа гол во 10. минута и чекаа судијата да свирне крај. Не е така, фудбалот се игра 96 минути. Задоволен сум од резултатот, но не и од пристапот на фудбалерите во вториот дел. Можевме да одиграме рутински меч, но на крај требаше како лавови да се бориме за оваа победа“, ни рече Горан Симов.