-->
-->
Симеоне:Ако можеме Барса и Баерн можеме да го победиме и Реал
-->
Реал и Атлетико, во сабота на „Сан Сиро“ во Милано, втор пат во последните три години ќе играат во финалето во Лигата на шампионите. Фаворит нема изгледно е дека ќе се води голема борба од почетокот до крајот, односно се очекува сличен меч како и оној Лисабон, кога Реал се спаси во последните секунди од натпревари.
Тренерите и фудбалерите на двата тима, ден пред натреварот ги одработија официјалните прес конференции.
„Ме прашувате дали чувствувам притисок: Секако, но исто така обожувам што на грбот имам 113 години историја“, рекол тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и продолжил:
„Знам дека многумина говорат за моето суеверие, но тие ја потценуваат нашата работа. Ќе биде тоа израмнет натпревар во кој Реал, поради индивидуалниот квалитет, повеќе ќе ја има топката“.
За многумина пласманот на Атлетико во финалето е изненадување, но аргентинскиот стратег не е изненанед од тоа.
„Како дојдовме до финалето? Секој тренинг го одработивме со иста желба и труд. Имаме десетмина различни играчи во однос на финалето пред две години. Тоа е највредното нешто што го има овој тим. Да се игра во финалето е сјајно, но да се освои титулата тоа е волшебно. Од Атлетико има подобри тимови, тоа се Баерн, Барселона, Реал...и уште неколку други. Но ние сега сме во повластена положба, која можеме да ја одржиме само со победа. Кога станува збор за Реал, таму Зидан направи фантастична работа. Го стави Каземиро без да се интересира што се случувало претходно. Тоа говори колку е тој важен како тренер. Сега Каземиро е најважниот играч за балансот кој го има Реал“, рекол Симеоне.
Титулата ја посакува и предводникот на Реал, Зинедин Зидан, тој се надева дека ќе го повтори успехот на Анчелоти од 2014 година.
„Не очекува екстремно тежок натпревар, тоа е сигурно. Знаеме како се освојува овој трофеј, сакаме повторно да го подигнеме. Анчелоти пред финалето во Лисабон ми рече: „Еден ден и ти ќе бидеш в слична ситуација“ и еве сега сум тука. Верувам дека епилогот ќе биде ист“, рекол Зидан.
Легендарниот француски фудбалер потврдил дека Кристијано Роналдо е 100-отсот подготвен за финалето.
„Ќе игра и тоа е сигирно. Се шегуваше дека болката престанува кога играш финале во Лигата на шампионите“, дополнил Зидан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација