-->
-->
Симеоне останува во Џенова
-->
Младиот аргентински фудбалер Џовани Симеоне нема да мине во редовите на Виљареал, иако шпанската екипа на неговиот тим Џенова понуди сума од 20 милиони евра.
Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, останува во италијанскиот клуб, за кој во дебитантската сезона досега има постигнато 10 голови на дваесетте одиграни натпревари во Серија А.
Виљареал се обиде да го донесе 21-годишниот напаѓач, откако „Ел Мадригал“ го напушти Бразилецот, Александре Пато кој се пресели во кинескиот клуб Тјанџин Ченџајан.
Сепак, Џенова реши да ја одбие понудата на шпанскиот клуб имајќи в предвид дека во зимскиот преоден рок го продаде Леонардо Паволети кој се пресели во Наполи за сума од 18 милиони евра.
Младиот Симеоне минатото лето пристигна во Италија од редовите на аргентинската Ривер Плата и тоа за сума од 3 милиони евра. За Симеоне кој е роден во Мадрид, веќе интерес пројавија и екипите на Интер и Лацио.
Тој на вчерашниот натпревар против Фиорентина кој заврши нерешено 3-3, беше стрелец на два гола за Џенова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо