Симеоне: На чекор сме од уште едно финале

Шпански претставник во полуфиналето од Лигата на шампионите оваа сезона е Атлетико Мадрид. Учеството во самата завршница е сосема заслужено особено со начинот на која екипата на Диего Симеоне ги играше европските натпревари.
-Ќе им кажам на моите играчи да играат како што играа во второто полувреме на домашен терен. Ќе се обидеме да го одиграме натпреварот што треба да се игра, со интензитетот што го бара. Имаме многу верба во она што го правиме, изјави Симеоне.
За да се дојде до пласман во финалето Атлетико мора да постигне победа, а на потег ќе бидат напаѓачите:
-Ќе биде одличен натпревар за играње, за доживување и се надеваме дека ќе можеме да покажеме правилен став и да се справиме со притисокот. На чекор сме од уште едно финале. Тимот го знае тоа, а и вие знаете дека има голема самодоверба во тимот. Треба да бидеме тактички и дефанзивно силни и да продолжиме со истиот стандард што го покажавме во второто полувреме дома, изјави Антоан Гризамн.
Атлетико Мадрид има одиграно три финалиња и во сите три има порази.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
