-->
-->
Силно невреме во Куманово и регионот
-->
Пороен дожд и силно невреме вчера го зафати Куманово, но и цела Македонија. Жителите од неколку кумановски населби до службите за управување со кризи пријавиле дека се поплавени неколку улици и дека шахтите не можат да ја примат надојдената вода.
„Дел од граѓаните пријавија дека им се поплавени подрумските простории. Речните корита имаат можност да апсорбираат поголема количина на вода“, изјави Горан Стојановски од Регионалниот центар за управување со кризи.
На терен излегоа екипите на „Водовод“, кои ги санираат штетите.
Жители на руралните места Табановце, Четирце, Речица, Режановце, Романовце, Умин Дол, Ново Село, дел од селата од Старо Нагоричане, пак, пријавиле дека имаат штети од град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
