Македонија
30. July 2015 - 11:02

Силна експлозија во Аеродром

Силна детонација се слушнала синоќа околу половина час после полноќ во близина на зградата на СВР Скопје во скопски Аеродром.
 
Според  информации, непознато лице активирало експлозивна направа на паркинг просторот во близина на Секторот за внатрешни работи, а од детонацијата оштетени биле повеќе возила.
 
Местото веднаш било обезбедено, а од полицијата информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени денес по завршување на увидот.