Свет
14. January 2020 - 21:24

Силна експлозија и пожар во фабрика во Тарагона

Во фабрика во индустриската зона во Тарагона, северна Шпанија, денеска се случи експлозија што предизвика пожар, соопшти каталонската Агенција за цивилна одбрана.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е хемиски инцидент.

Се уште нема информации за евентуално повредени луѓе, но граѓаните се предупредени да го избегнуваат местото на експлозијата, да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите.

Тарагона се наоѓа на 115 километри југозападно од Барселона.