Свет
18. December 2019 - 9:21

Силен земјотрес во Кина, повредени најмалку 9 лица

Најмалку девет лица се повредени денеска во земјотрес со јачина од 5,2 степени што го погоди градот Нанџијанг во кинеската провинција Сечуан, јавуваат кинеските медиуми.

Земјотресот е регистриран во 8.14 часот по локално време.

Четири повредени лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Земјотресот уништи 20 куќи, додека 11.968 домаќинства се без струја.

Повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи полиција, служби за вонредни ситуации, пожарникари, учествуваат во спасувачката акција.