Loading Video...
Свет
20. March 2021 - 16:55

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по рихтер ја погоди североисточна Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по рихтер ја погоди североисточна Јапонија. Прекинат е железничкиот сообраќај, а многу домаќинства останаа без струја. Без електричина енергија се и околу 200 домаќинства во Токио, каде исто така се почувствувал земјотресот, иако градот е одалечен 400 километри од местото на епицентарот.

Засега нема информации за загинати и материјална штета. Денешниот земјотрес се случи само 9 дена откако земјата одбележа 10  години од смртоносниот земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер, кој ја погоди областа Мијаги,а во кој загинаа најмалку 400 луѓе. Потресот тогаш предизвика цунами во висина од 10 метри, што довевде до катастрофа во нуклеарната централa Фукушима.