Свет
10. April 2016 - 15:35

Силен земјотрес го погоди Пакистан на границата со Авганистан

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска северозападниот дел на Пакистан, во близина на границата со Авганистан.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Потресот бил почувствуван во Исламабад и Кабул, но и во Њу Делхи во индија, каде жителите во паника излегле на улици.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на градот Читрал во пакистан, на длабочина од 210 километри под површината на земјата.

Очевидци тврдат дека земјотресот се почувствувал и во Кашмир, каде исто така предизвикал вознемиреност меѓу луѓето кои ги напуштиле своите домови.