Свет
15. April 2017 - 12:08

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди денеска Чиле, соопшти американскиот геолошки институт.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 144 километри југоисточно од градот Калама, на длабочина од 188 километри под површината на земјата.

Засега нема податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета.