Loading Video...
Фудбал
19. October 2019 - 16:42

Силекс убедливо ја победи Ренова, само бод за Вардар против Македонија ЃП

Фудбалерите на Силекс ја остварија четвртата победа откако пред своите симпатизери во Кратово ја победија Ренова со убедливо 3:0. 

 

Во првото полувреме гостите од Тетово останаа без Садики кој поради овој старт заработи директен црвен картон. 

Бројчаната предност на теренот домаќините ја искористија дури во вториот дел односно 68.минута кога преку Благоевиќ поведоа со 1-0. 

Но. На 15-минути пред крајот и Силекс остана со 10-мина во игра откако Жеравица заработи втор жолт картон. 

Сепак надмоќта која ја демонстрираа кратовци на овој меч беше крунисана со двата гола на Дарко Додев во 83-тата и втората минута од судиското дополнение. 

Вардарци останаа непоразени на осмиот првенствен меч во низа. Откако на почетокот на сезоната црвено-црните загубија од Македонија со 2-0, денеска на дуелот во Ѓорче Петров немаше победник. 

Средбата заврши нерешено 1-1, а двата гол,а беа постигнати во вториот дел. Вардар поведе со погодокот на Аврамовски во 46-тата минута, а во 67-та израмни Јашароски. 

Борец ја искористи предноста на домашниот терен и го победи Шкупи со 2-1, додека честа на гостите денеска ја спаси Струга која во Скопје го победи Работнички со 2-1. 

Потсетување дека вчера Академија Пандев со 2-1 славеше во Тетово на гостувањето кај Шкендија. 

 
ТАБЕЛА: 
1 ВАРДАР 21
2. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 21
3. МАКЕДОНИЈА ГП 16
4. ШКУПИ 13
5. РЕНОВА 13
6. СИЛЕКС 12
7. ШКЕНДИЈА 11
8. СТРУГА ТЛ 11
9. БОРЕЦ 11
10. РАБОТНИЧКИ 10