Loading Video...
Фудбал
1. December 2021 - 15:24

Силекс, Македонија ЃП и Струга ТЛ обезбедија полуфинале во Купот на Македонија

Во фудбалскиот Куп на Македонија попладнево беа одиграни три од четирите предвидени дуели во четвртфиналната рунда, додека средбата меѓу Пелистер и Вардар беше одложена. 
 
Пеналите ги решија трите патници во полуфиналето на Купот на Македонија, во кое ќе играат Силекс, Македонија ЃП и Струга ТЛ. 
 
Бранителот на титулата Силекс беше подобар од штипска Брегалница со 6-5 на пенали откако по 90-те минути резултатот беше нерешен 1-1, а головите ги постигнаа Ѓокиќ за гостите во 47-тата и Каланоски за домаќините во 56-тата минута.
 
Во пенал рулетот, капитенот на кратовци голманот Божиновски ги одбрани ударите на Азиговиќ во третата и Алтипермаковски во шестата серија со што му донесе пласман на Силекс во полуфиналето. 
 
На другите две средби немаше голови во регуларно тек од мечот, а по пенал сериите Македонија ЃП го елиминира Шкупи совладувајќи го со 4-1, додека Струга ТЛ на гости во тетово беше подобра од Шкеднија со 4-3. 
 
Дуелот меѓу Пелистер и Вардар е одложен за 15 демеври, бидејќи по синоќешните врнежи на снег во Битола, на теренот под Тумбекафе немаше услови да се игра.