Фудбал
24. January 2023 - 22:05

Силекс ќе се подготвува во Анталија, закажани и пријателски средби

Македонскиот прволигаш Силекс подготовките за продолжението од сезоната ќе ги започне на 26.јануари а од 02.февруари се сели во Турција каде ќе го одработи централниот дел од подготовките и тоа во монденското летувалиште  Анталија. Кратовскиот тим ќе одигра пет пријателски натпревари во турскиот туристички центар.
 
Првиот тест е закажан за 4. февруари против Ресовија Жешов, а потоа следат и дуели со Сутјеска, Согдијана, Динамо Киев и Торпедо Кутаиси.
 
Во редовите на Силекс оваа зима дојдоа пет засилувања, Стефан Милосављевиќ, Хамза Рамани, Марко Ѓорѓиевски, Халил Мухаремовиќ и Никола Ристески.