-->
-->
Швајцарско село одлучи да плати 260.000 евра казна наместо да прими 10 бегалци
-->
Едно од најбогатите села во Европа, одлучи да плати казна повеќе од 260.000 евра наместо да прими 10 бегалци, со што би ја исполнило квотата кога се работи за вдомување на луѓето кои побегнале од подрачја зафатени од војна.
Мештаните на швајцарското село Обервил-Лиели, на референдум изгласаа „не“ за одлуката дали ќе примаат бегалци. Причина за таквата нивна одлука е дека веруваат оти бегалците нема да се вклопат во нивната средина.
Швајцарската влада неодамна усвои закон кој налага да примат 50.000 бегалци од странски земји кои побегнале од своите домови поради војна.
На овој начин швајцарското село всушност го крши законот бидејќи одбиваат да го одработат својот дел од работата и да примат десет лица, па затоа ќе платат казна од повеќе од 260.000 евра.
Селото има 2.200 жители и во него живеат повеќе од 300 милионери, а по овој чин, привлекоа внимание од јавноста. Некои ги обвинија и за расизам.
Еден од мештаните кој сакал да остане анонимен за MailOnline вели: „Едноставно, не ги сакаме овде. Работевме напорно и имаме прекрасно село кое не сакаме никој да го расипе“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк