Свет
13. August 2017 - 20:20

Шумски пожари уништија над две илјади хектари земјиште

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон ја изрази својата длабока благодарност до 1.200-те пожарникари и спасувачи, кои се бореа против шумските пожари во јужна Франција и Корзика за време на викендов. 

Колон изјави дека пожарникарите не дале жртви, благодарение на координираната операција на екипите на копно и оние од воздух. 

Околу 2.100 хектари земјиште се уништени во пожарите во јужна Франција од четвртокот, а само на Корзика изгореа две илјади хектари. 

Колон изјави дека пожарите во континеталниот дел на Франција се совладани, но на островот Корзика и натаму беснеат и нивното ганење бара вложување поголеми напори. 

Префектот на Северна Корзика, Жерар Гавори изјави дека се евакуирани околу илјада жители и туристи поради пожарите.