Живот
12. February 2018 - 14:59

Шумата на смртта: Секоја година овде наоѓаат по 100 тела

Шумата Аокигахара се простира на 30 квадратни километри на северозападниот дел на планината Фиџи во Јапонија, а се смета за второ место со најголем број на самоубиства во светот.

„Морето од дрва“ како што Јапонците ја нарекуваат оваа шума не е толку популарна поради своите природни посебности. Во Јапонија Аокигахара е позната и како „Шума на самоубиства“. Секоја година властите и доброволни волонтери во шумата наоѓаат стотици тела на лица кои сами одлучуваат да го напуштат овој свет. Со тоа, ова е второто место по бројот на самоубиства во светот, веднаш позади Голден гејт.

Уште од 1950-тите, јапонските бизнимесни знаеле да „залутаат“ во шумата и никогаш да не излезат. Во минатото ова место слушело за практикување на јапонскиот обичај убасуте, односно оставање на стари и изнемоштени членови од семејството да умрат на заврлени места.

Јапонската полиција на дрвата поставила знаци лицата да ги контактираат пред да се одлучат на фаталниот чекот.

Постојат и многу кои веруваат дека дрвата ги попречуваат оние кои ќе влезат во Аокигахара да излезат од неа. За сето тоа придонесува и тоа што компасите не работат во оваа шума.