Што не е во ред со фотката од три девојки во бикини?
На прв поглед веројатно нема да забележите ништо невообичаено на фотографијата - три девојки во костими за капење стојат пред каса во продавница.
Но, дали можете да забележите она што го забележал Imgur корисникот JarJarDrinks кој решил да ја сподели фотографијата на социјалните мрежи?
На фотката една од девојките има масивна алка на нејзината нога која изгледа како да е намерно залепена со сива трака.
Всушност станува збор монитор кој го наредува судот во Америка за следење на личност која е казнета да биде дома или барем во близина на својот дом.
„Ништо не го прави летниот изглед подобар од монитор на глужд“ - напишал корисникот на Imgur кој ја објавил оваа фотографија.
Фотографијата за краток период беше прегледана над 95.300 пати и коментирана илјадници пати.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори