Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална самоуправа Горан Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат.
Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд.
Иванов посочи дека ќе го почекаат надзорот, по што ќе се произнесат. Инспекцискиот надзор до претпладневните часови не е пристигнат во Општина Штип, тврдат од општинските служби.
Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни