Штипската „Пастрмајлијада“ завршува вечерва со концерт на Здравко Чолиќ

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев попладнево во својот кабинет ја прими групата „Рибја Чорба“, која синоќа ги забавуваше штипјани и гостите од цела земја на манифестацијата „Штипска Пастрмајлијада“. Бора Ѓоревиќ и неговиот бен два и пол часа ги забавуваа илјадниците гости на манифестацијата која го слави штипскиот гурмански бренд пастрмајлија.
- Драго ми е што пак сум тука, знаете јас сум чест гостин во Штип. Порано доаѓав сам и сето тоа е убава работа, но најубавата е секако концерт. Драго ми е што Штип се отвори и со оваа манифестација и дека токму ние имавме шанса да свириме на неа. Не е важно што мислам јас за свирката, важно е дека ниту еден човек кој синоќа беше тука не си замина незадоволен, рече Ѓорѓевиќ.
Тој не ја исклучува можснота и за анплагд концерт, но кажа дека има време, бидејќи веќе имаат закажано такви настани на други места меѓу кои и во Словенија.
Вечерва е финалето на 10. јубелијено издание на Пастрмалијадата и на неа како главна ѕвезда е балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ. Концертот официјално почнува во 23 часот. Штипскиот градоначалник Захариев вели дека вечерва се очекува уште поголем интерес од соседните градови и пошироко од Македонија, а локалната самоуправа со поддршка на сообраќајната полиција е подготвена да одговори на предизвикот.
Тој забележа дека засега никој не може да каже колку пастрмајлии се изедени или колку пијалок е испиено, но изминатите два дена локацијата Дујле е исполнета максимум, а сите места покрај штандовите се исполнети до последното место.
Комуналните редари и сообраќајната полиција вечерва на трите влезови во градот ќе даваат насоки на гостите кои ќе пристигнуваат од сите градови во земјава каде да се движат и да ги паркираат возилата, а на штипјани им се апелира да не ги користат своите возила за да пристигнат на кружниот тек „Дујле“, кај Градскиот стадион.
Ново на Сител
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
-

Преглед на вестите од светот
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
