Штип подготвен за манифестацијата „Пастрамајлијада“
Почна поставувањето на бината и штандовите за угостителските објекти, кои ќе бидат дел од 12. издание на манифестацијата „Пастрамајлијада“.
Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов денеска изјави дека од утре градот ќе понуди вистинска програма и забава за сите посетители.
- Програмата утре во 20 часот ќе ја отвори Кристина Арнаудова со нејзина едночасовна програма, а во 21 часот е свеченото отворање на „Пастрамајлијадата“ и со сечењето на џиновската пастрамајлија. Тоа е традиција, којашто секоја година ја правиме со тоа што џиновската пастрамајлија единствено може да ја направи фирмата „Макпромет“, а ја прави и оваа година. Ќе се обрати и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, истакна Панајотов.
Утревечер ги настапат и Трио Влатко Стефановски, Дани и белградската група „Ванг Гог“. Во сабота на сцената ќе настапат познати македонски ѕвезди кои потекнуваат од Штип, а како главна ѕвезда на вечерта е Северина.
Манифестација завршува во недела, а градот, како што изјави Панајотов, е подготвен да прими голем број гости од земјава и странство.
Организирани се јавните претпријатија и полициската станица во Штип кои ќе бидат надлежни за сообраќајот во градот и местата за паркирање на возилата. Се упатува апел до граѓаните на Штип да не ги користат возилата за да не се создава метеж на улиците. Цената на штипската пастрамајлија на штандовите ќе изнесува 120 денари.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители