Свет
29. December 2016 - 9:40

Шпанската полиција уапси две лица, осомничени дека се џихадисти

Шпанската полиција  во Мадрид уапси две лица, осомничени дека се џихадисти и при претрес пронајде две шаржери за огнено оружје и муниција.

Уапсените се Шпанци. Тие се приведени откако вчера изутрината биле извршени пет претреси во регион јужно од Мадрид, се вели во соопштението и се додава дека полицијата конфискувала неколку илјади евра. 

Апсењата се извршени во момент кога во Шпанија се воведуваат зајакнати мерки за безбедност со цел да се спречат евентуални џихадистички напади. 

Според податоци на силите на редот, од 2015 година, па досега, во Шпанија се уапсени 177 лица, кои се осомничени дека се џихадисти. 

Властите претпоставуваат дека само 200 Шпанци заминале да се борат во редовите на џихадистички групации во странство, во споредба со неколку стотина лица во Франција и Белгија. 

Шпанското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Турција се уапсени две жени со шпанско државјанство, за кои се претпоставува дека се членки на Исламска држава. Жените заминале во 2014 година во Сирија со нивните сопрузи, џихадисти, обвинети за десетици убиства и оттогаш живееле на територијата под контрола на ИД.

Извор од Министерството изјавил дека едната од нив е сопруга на Мохамед Хамдуш „Кокито“, познат по неговата суровост, поради која го добил прекраот „колекционер на глави“.

Според весникот „Паис“, Хамдуш е мртов од 2015 година.