Свет
29. September 2017 - 15:28

Шпанска Влада: Референдум за независност на Каталонија нема да има

Референдумот за независност на Каталонија нема да се одржи, изјави денеска портпаролот на шпанската Влада Инихо Мендез де Виго.
 
– Нагласувам дека нема да се одржи референдум на 1 октомври, изјави Де Виго на пред конференција по седница на Владата. Тој повтори дека ставот на Мадрид е дека референдумот е нелегален.
 
- И покрај тоа, повеќе од 2.300 гласачки места се подготвени за референдумот за независност на Каталонија што ќе се одржи в недела, соопшти претходно регионалната каталонска Влада