Loading Video...
Свет
15. March 2020 - 16:39

Шпанија станува новото жариште на коронавирусот

53 годишен маж е последна жртва на корона вирусот во Грција, со што вкупниот број на починати се искачи на четири.Според грчките медиуми, лицето работело во лабораторија во болница во градот Костур.. Грчките власти наредија и затворање на сезонските туристички објекти, мерка која ќе се применува до крајот на април.

Зголемување на бројот на заболени со корона вирусот има во Србија.. Од синоќа позитивни се 46-мина од кои половина се во домашна изолација.

Засега во соседството единствено во Црна Гора нема заболени но под надзор се околу 650 луѓе.

Во меѓувреме, по Италија, најбрзо вирусот се шири во Шпанија.. Во последните 24 часа бројот на заболени е зголемен за близу 1.500, а починати се вкупно 208 лица..  Таму е ограничено движењето, луѓето можат само на работа или во маркет.

„На сите граѓани дозволено им е да го напуштат домот само за работните обврски, да пазаруваат, купат лекови или да извадат пари од банкомат. Ова се работите кои може да ги правите на јавни места“

Мерки за спречување на ширењето на корона вирусот воведува и Словенија. Целосно се укинува автобускиот и железничкиот превоз на патници, а од утре се затвораат градинките, училиштата и факултите.

За прв пат во историјата пак Ватикан ќе ги одложи јавните обреди за католичкиот Велигден кој годинава е на 12 април .

„Сите литургиски церемонии за време на Светата недела ќе се одржат без присуство на верници“, се вели во соопштението на Ватикан.